Австриската скијачка Нина Ортлиб доживеа тежок пад и го повреди десното колено на првиот тренинг во спуст во Кран Монтана, Швајцарија, каде најдобрите алпски скијачи во светот ќе се борат за бодови во Светскиот куп од петок до недела.

Несреќната 24-годишна Нина беше пренесена во болница со хеликоптер, па официјалниот тренинг беше прекинат 45 минути.

Ортлиб го освои третото место во спуст на Светското првенство во Кран Монтана минатата година.

Најдобро време на првиот тренинг оствари водечката во генералниот пласман Италијанката Софија Гоџа (1:29,83), втора беше Швајцарката Корин Сутер (+0,20), а трета беше друга италијанската скијачка Елена Куртони (+0,35).

Првиот од двата спуста што ќе се одржи во Кран Монтана е закажан за утре во 10 часот наутро, а во сабота во истото време скијачките во спуст повторно ќе се борат за бодови, додека в недела (12 часот) е закажан супервелеслаломот.