Таа рана ќе ја имам до крајот на животот

91

Мирко Вучиниќ, легендарниот црногорски напаѓач, даде големо интервју за „Скај Спорт“. За време на интервјуто, Вучиниќ го откри најтешкиот и најболниот момент во неговата фудбалска кариера, кога со тимот на Рома ја загуби битката за шампионската титула од екипата на Интер.

  • Тоа е болна рана која никогаш нема да зарасне. Ќе биде со мене до крајот на мојот живот, откри Вучиниќ.

Во 2010 година Рома и Интер водеа голема борба за популарното „скудето“, а беа ривали и во финалниот натпревар од Купот на Италија. Интер славеше во првиот натпревар, а неколку дена подоцна „волчицата“ го загуби и првенствениот дуел против екипата на Сампдорија. Тој пораз подоцна ќе се покаже како клучен во борбата за шампионската титула.

  • Не можам да си го објаснам тој натпревар со Сампдорија. Не упативме ниту еден удар кон противничкиот гол во второто полувреме. Можеби така ни беше судено. Исто така сакам да кажам дека немаше никаква голема расправија со Симоне Перота за време на полувремето. Тоа беше обична расправија и продолживме да играме како ништо да не било. Таа ситуација немаше никакво влијание врз нашата игра и врз резултатот, изјави Вучиниќ.

Поранешниот репрезентативец на Црна Гора се присети и на градската пресметка против Лацио на која Рома настапи без услугите на Франческо Тоти и тие на Даниеле де Роси. Лацио дојде во водство, но Рома направи целосен пресврт и ги освои трите бода.

  • Раниери состави тим кој мораше да игра беа најважните алки кога е во прашање средниот ред. Кога дојдоа во водство сите бевме убедени дека ќе бидеме торпедирани, но ние се вративме во игра. Таа победа посебно ја прославив, дома не се вратив трезен. Посебно е чувството кога ќе се победи Лацио. Имам многу пријатели кои навиваат за Лацио и кои секогаш ме „частеа“ со најразлични имиња пред стартот на натпреварот, откри Вучиниќ.