Сè повеќе расипани производи поради намаленото ладење на фрижидерите во маркетите

Од Организација на потрошувачи велат дека се поголем е бројот на преставки од граѓани кои се жалат на расипани производи, а замрзнатите производи кои ги купиле, го немаат потребниот квалитет. Тие велат дека нема веќе да купуваат од оние маркети во кои фрижидерите се исклучени и производите се полуодмрзнати. Причината како што велат од ОПМ е што во маркетите е прекинат ладниот ланец на чување на производите на одредена температура, односно се намалува ладењето во фрижидерите, а навечер и се исклучуваат од струја

321

Маркетите штедат струја, а граѓаните купуваат расипани производи. Наместо смрзнати, купуваат полусмрзнати производи, наместо ладни топли пијалаци… Од Организација на потрошувачи велат дека се поголем е бројот на преставки од граѓани кои се жалат на расипани производи, а замрзнатите производи кои ги купиле, го немаат потребниот квалитет. Причината како што велат од ОПМ е што во маркетите е прекинат ладниот ланец на чување на производите на одредена температура, се намалува ладењето во фрижидерите, а навечер се исклучуваат од струја.

Преставки веќе има, а инспекторите треба да излезат на терен и да утврдат дали ова е начин за трговците ги намалат сметките за струја, посочуваат од Организацијата на потрошувачи.

-Најмногу претставки имаме за млечни, сувомеснати производи и други лесно расипливи производи кои имаат одредени стандарди на пакување, транспорт и чување на производите. Причината е поради тоа што во маркетите за да заштедат струја го прекинуваат ладниот ланец на чување на производите на одредена температура. Во некои маркети го намалуваат ладењето на фрижидерите, а некои целосно ги исклучуваат од струја. Со самото прекинување на ладниот ланец потрошувачот се доведува во ситуација да купи расипан производ кој може да му предизвика здравствени проблеми, вели за ВЕЧЕР, Мартина Грнчаревска, од ОПМ.

Од Организацијата, како што вели Грнчаревска на средбите во Советот за заштита на потрошувачи во Влада досега повеќе пати укажале на потребата да се засили надзорот на инспекциските органи во овој дел.

Таа додава дека најголем дел од потрошувачите се жалат дека млечните производи се со мувла имаат покисел вкус, сувомесните производи го немаат потребниот квалитет односно вкусот не им е ист како претходно.

И претседателката Маријана Лончар Велкова неодамна укажа на тоа дека луѓето реагираат им праќаат слики од расипани производи. Според неа, потребно е да се засили инспекцискиот надзор, инспекторите да бидат на терен и рано сабајле да видат дали ладилниците се вклучени или не. Бидејќи може навечер или во текот на денот да ги исклучуваат, вели таа.

Познавачите велат дека откако еднаш ќе биде одмрзнато, месото не смее повторно да се замрзнува и да се става во промет. Тоа е опасно по здравјето. Според правилникот за квалитет на месо сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначено земјата, потеклото и рокот на траење, нето тежината и условите на складирање.

Месото не смее повеќе пати да се одмрзнува и замрзнува покрај тоа што губи на биолошката вредност, ваквата намирница може да биде опасна по здравјето на луѓето. И покрај тоа во замрзнувачите во некои маркети може да се најде замрзнато месо старо и повеќе од една година.

Во Македонија според правилникот за храна не е забрането да се продава замрзнато месо, но ако еднаш се одмрзне, тогаш не смее да се замрзне. Но, овој правилник не се почитува во малите дуќанчиња. Зелените пазари се преплавени со одмрзнати батаци и месо за кои што е сомнителен квалитетот и се продаваат како свежи.

Експертите предупредуваат дека граѓаните мора да внимаваат и задолжително да ги читаат декларациите бидејќи само на тој начин ќе бидат сигурни што купуваат и какво месо јадат. Дел од потрошувачите внимаваат што купуваат, но има и такви што им е важна цената.

(А.С.)