СЈО го добило писмото од Јовески за преземање на предметите

72

Претпладнево во Специјалното јавно обвинителство пристигнало писмото од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со кое бара да ги преземе сите истраги, предмети и предистраги од СЈО.

Ова следува откако Катица Јанева од зад притворските решетки му даде полномошно за Јовески да продолжи со предметите.

Сега се очекува одговор од СЈО како ќе постапат и одлучат по однос на ова барање од државното обвинителство.