Судскиот совет расправаше дали имало судир на интереси во работата на експретседателката Дамева

285

Денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се разгледува  судирот на интереси на експретедателката на Советот, Весна Дамева, помина со обвинувања и расправии.

За експретседателката на Судскиот совет, изминатите денови во одредени медиуми се појавија информации дека Дамева учествувала во постапки во надлежност на Советот при одлучување за одговорност на судии, во кои како странка се јавува нејзиниот сопруг.

Дамева пред почетокот на денешната седница го обвини Судскиот совет дека имал селективен  кон медиумите, откако материјали од седницата  биле доставени само до еден портал, а не и до други медиуми.

– Тоа не е транспарентно туку селективно постапување и фаворизирање на еден портал. Заклучокот е дека ова е хајка која се води против мене за да ми се наруши угледот, истакна Дамева.

Во врска со разгледувањето на судирот на интереси на Дамева, членот на Судскиот совет, Павлина Црвенковска истакна дека „ кога станува член на Судски совет ја знае основната надлежност на советот  следење на работата на судиите“.

–  Секој од нас кога станува Судски совет имал обврска да си праша по дома дали евентуално има некои предмети каде може да настане судир на интереси. Како член на Судски совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичен суд. Нејзина обврска била да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа, истакна Павлина Црвенковска.

-Јас очекував поранешната претседателка Павлина Црвенковска известува за работи кои  што лично нејзе и се познати и да се држи за законските одредби. Во смисла, не само да прашува дома туку да се држи согласно законот, особено согласно член 34. Во смисла на, дека знаела дека има законка обврска да поднесе изјава за имотна состојба и интереси., Многу боли кога нападите се насочени кон мене, истакна Дамева после што настана упаѓање во зборот помеѓу неа и Црвенковска.

Членот на Советот, Ивица Николовски истакна дека седницата прерасна во циркуз.

– Немам намера јас како еден од присутните да бидам свидетел на овој циркус. Судскиот совет има куп прашања од негова надлежност по кои треба да се одважи. Ние во псоледно време како и јаноста не опишува, продолжуваме со циркузи. Овде имавме инцијален акт поврзнан со институтот иземање, но тој се прошири на меѓусебни обвинувања. Јас на почеток на седницата реков дека точката разно не ми е јасна, колешката Мери ја појасни. Таа наведе кои аргументи се потребни за да одлучиме за изземање. Ова прерасна во меѓусебни обвинувања. Претседателе, од вас зависи во која насока ќе оди ова, истакна Ивица Николовски, член на Судскиот Совет.

На седницата Дамева се бранеше цитирајќи членови од закон, од обвинувањата дека не се иземала во постапувањето во случај во кој странка бил нејзиниот сопруг.

– Ниту требам ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и било какви постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае што јас постапувам, ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема закнска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тоа. Во секој момент кога ќе дознаам, ќе известам, како ми кажуваат така известувам. И за разлика од членови на Судски совет кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или кажале причина за изземање, јас тоа не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со сва зашто созвадаме лажна слика, истакна Дамева.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев,   ја одложи дискусијата бидејќи требало да се утврдат повеќе факти.