Транспаренси Интернешнл го оцени Договорот со „Бехтел и Енка“ како „матен“ случај

52

Договорот со „Бехтел и Енка“ што во целост не го добиле во Антикорупција е оценет како матен случај за мај, објавени од Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамки на спроведувањето на редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“.

– Антикорупционерите не го добиле целосниот договор со „Бехтел и Енка“ од Владата и во доставената документација недостасуваат прилози кон договорот. Од Антикорупциската комисија се обратиле до Владата од каде биле информирани дека е истата документација која била испратена до Собранието. Што точно има во деловите кои недостасуваат не може да проценат и не ја искучуваат можноста да испратат допис до премиерот и генералниот секретар на Владата. Антикорупционерите поседуваат безбедносни сертификати со кои им е овозможено да го добијат целосниот договор и покрај клаузулата за доверливост –  се наведува во соопштението од Транспаренси Интернешнл-Македонија.