Голманката на Ливерпул, Фран Кичинг (22), претрпе хорор повреда на главата за време на тренинг пред мечот со Бристол Сити откако доби копачка во глава.

Таа се судрила со својата соиграчка, која со петицата ја удрила во глава. Ненамерно но фатално, бидејќи нејзината крампона и направила расекотина на челото, па крвта веднаш почнала да шприца.

Првата реакција на другите фудбалери и персоналот била да се запре крвaвењето пред Фран да биде пренесена во болница. Епилогот од сето ова бил – петнаесет конци на главата по еден навидум рутински тренинг!

– Ова се случи на тренинг и можам да кажам дека ова е најголемата повреда што сум ја доживеала како голман. Но, сега се чувствувам подобро и спремна сум да се вратам. Девојките ги гледав од дома, а наскоро се враќам на терен, истакна Кичинг.

Таа, исто така, на социјалните мрежи објави како изгледаше челото по судирот, што навистина ги шокираше сите свои фанови.