Сто новогодишни пакети од АДРА за децата на Детската клиника

183

Хуманитарната организација АДРА донираше сто новогодишни пакетчиња за сите деца пациенти на Детската клиника реализирајки го проектот “Од деца за деца“.

Традиционално АДРА секоја година донира околу 5.000 новогодишни пакетчиња кои се уникатно подготвени од децата од Германија според нивна желба, идеја, креација и умешност.

– Новогодишните пакети беа поделени во рок од две недели во центри, институции, заводи за деца со посебни потреби и деца од социјално загрозени семејства во рурани средини. Активностите на АДРА предводена од претседателот Ванчо Трајковски, цела година им помагаат на семејства од рурарните средини како со храна облека и со здравствени услуги – велат од АДРА.