Стефоска: Длабока почит кон Киријази – единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес

68
Министерката за култура, Ирена Стефоска денеска по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука искажа длабока почит кон ликот и делото на жената Параскеви Киријази, која учествувала на Битолскиот конгрес.
Таа на својот фејсбук профил напиша дека Киријази е единствената жена којашто учествувала во работата на Битолскиот конгрес, одржан на 22 ноември 1908 година, на кој е унифицирана азбуката на албанскиот јазик.
-На жените како Параскеви, кога и да живееле, каде и да се родиле и работеле, на кој јазик и да се изразувале и да дејствувале, можам единствено со почит да им се поклонам, пишува Стефоска на Фејсбук.
Извор:МИА