Стефанова децидна, недопирливи нема, докази има и истрагата за “Империја“ ќе продолжи

160
Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова која ја води постапката за случајот „Империја” стои цврсто на ставот дека ќе продолжи да го застапува овој предмет, како и да води истрага за истиот. Во изјава за МКД.мк обвинителката Стефанова вели дека не отстапува од истрагата за случајот „Империја” за која, како што нагласи има цврсти докази. Таа претходно во изјава за медиумите го кажа истиот овој став, односно дека недопирливи нема и дека истрагата за овој предмет ќе се проширува.

По вчерашното приведување на Бојан Јовановски и Зоран Милевски во јавноста се појавија и, за сега неофицијални информации дека парите за рекет кои ги барал Боки 13 се од Орце Камчев и дека постои можност обвинителот од СЈО со кои преговарал да е токму шефицата на СЈО, Катица Јанева.

За сега овие информации никој ниту ги потврдува, ниту ги демантира.

Вчера се појавија информации дека се врши претрес и во домовите на Јанева и Стефанова, но обвинителството ги негираше ваквите информации. Од таму изјавија дека и е одземен само мобилниот телефон на Јанева. 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера депонира оставка на функцијата и таа ќе биде активирана во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник