Стела Макартни со нова колекција за 50 години “Yellow Submarine”

99

Визуелно експресивен и на музичко ниво генијален филм и песна “Yellow Submarine”, на најпознат рок-бенд на сите времиња, Битлси, е дел од неофицијалната светска евергрин листа.

Минатата година, беше одбележана 50-годишнината од објавувањето, а кој ќе направи подобар омаж од Стела Макартни, моден дизајнер и ќерка на поранешниот басист на бендот?

Новата колекција “All together now” е во знакот на фантазијата и психоделијата на филмот, со рачно насликани елементи на германскиот уметник и илустратор Хајнц Еделман, кој исто така бил одговорен за арт-дирекција и визуелен идентитет на филмот.

Промовидеото ја пренесува иницијалната порака на филмот – Мир, љубов и заедништво на новата генерација. Исто така, вклучени се млади музичари од различни жанрови, од сула и хип-хоп до инди рок. КЕЈАХ / БЛУ, Џој Крукс, Оскар Џером и Феми Колеосо.

Кошули, џемпери, маици, палта, но и торби и патики за жени, мажи и деца се дел од колекцијата. Со светли бои, необични парчиња и психоделични мотиви на Lucy in the sky with diamonds и Sergeant Pepper Land, овие дела претставуваат материјализација на есенцијата на Битлси и нивниот најплоден период.