Статуа на Вудро Вилсон ќе се постави пред Општина Чаир

286

Пред административната зграда на Општина Чаир ќе биде поставена статуа на поранешниот американски претседател Томас Вудро Вилсон. Оваа одлука едногласно беше усвоена на 29-та седница на Советот на Општина Чаир.

– Оваа одлука беше предложена од страна на градоначалникот Висар Ганиу и е заедничка иницијатива на Општина Чаир, Институтот за духовно и културно наследство, како и Музејот и претседателската библиотека „Woodrow Wilson“. Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на сите советници и на претседателот на Советот за реализираната конструктивна соработка во насока на покажување почит кон оваа истакната историска личност која придонесе за денешното наше постоење како држави на Балканот и за третирањето на сите други прашања во служба на граѓаните на нашата општина – информираа од општина Чаир.

Томас Вудро Вилсон бил 28-миот претседател на Соединетите Американски Држави во периодот од 4 март 1913 година до 3 март 1921, за време на Првата светска војна. Тој бил награден со Нобелова награда за мир.