Стартува проектот клима инвертери за граѓаните

120

Проектот клима инвертери за граѓаните стартува денеска, веднаш по владината седница во Штип.

Заменик министерот на Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, посочи дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

– Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери – изјави Макрадули кој во Битола ги посети основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Александар Турунџев“ каде со поддршка на МЖСПП се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1.000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.