Кожната јакна што ја носеше Силвестер Сталоне глумејќи во култниот филм „Роки“ во 1976 година, продадена е за 325.000 долари на аукција во Heritage Auctions.

Роки се смета за најпопуларен фил за боксот во светската кинематографија. Тој низ светот ја претстави приказната за подемот на Роберто „Роки“ Балбоа, скромниот боксер од Филаделфија кого го толкуваше Силвестер Сталоне, тогаш како непознатиот актер.

Првата верзија на сценариото, Сталоне ја  напишал за неполни 20 часа, инспириран од легендарниот дуел меѓу Мохамед Али и Чак Вепнер.