Во иднина борбата ќе се води околу водните ресурси и храната

50

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на пуштањето во работата на браната и хидроелектраната Илис изјави дека нејзиниот капацитет за складирање на вода ќе изнесува околу 11 милијарди кубни метри, и ќе произведува струја со сила од 1.200 мегавати, со што на Турција годишно ќе и обезбедува финансиска корист од три милијарди лири.

-Водата значи живот во нашата цивилизација. Енергијата е уште еден незаменлив извор на живот во денешно време. Затоа, овој проект на нашата земја и обезбедува многу важни шанси и можности, рече Ердоган, пренесе Анадолија.

И покрај зголемувањето на бројот на жителите на Земјата од три на осум милијарди во последните 60 години, количеството на врнежи се нема сменето, истакна турскиот претседател додавајќи дека катастрофите поврзани со климатските промени, како што се сушата, поплавите и шумските пожари ќе бидат се почести.

-Заштита на водните ресурси, пред да ја стигнат границата на потрошувачката, нивната ефикасна употреба и правилно управување стана наша обврска, а не избор, додаде Ердоган.

Тој верува дека борбата во иднина ќе се води околу водните ресурси.

-Евидентно е дека во наредниот период ќе се водат борби за водните ресурси и производството на храна, на сличен начин како што во минатото се правеше за нафтата, рече Ердоган.