Големата ѕвезда во НБА лигата, ЛеМаркус Олдриџ, се враќа на паркетот, откако во април годинава најави заминување во пензија поради срцеви проблеми. Олдриџ (36) непосредно пред да најави пензионирање го засили Бруклин Нетс, но по само пет одиграни натпревари мораше да се повлече. Сепак, докторите сега му дале зелено светло за враќање на спортот кој го сака.

-Во април годинава заминав во пензија, бидејќи верував дека тоа е мудра одлука на претпазливост, со оглед на мојата тогашна здравствена состојба. Сепак, понатамошните проценки на неколку стручњаци ги уверија докторите, мене и Нетси дека можам да одговорам на потребите во НБА лигата. Ми се допадна краткиот престој во Бруклин и возбуден сум што пак ќе се приклучам на тимот, изјави Олдриџ.

Во својата кариера Олдриџ играше уште за Портланд, Сан Антонио и кратко во Бруклин. Седум пати беше „ол-стар“ играч, но никогаш не освои шампионски прстен.