Србија во економски бум, економијата и порасна за 6,1% a инвестициите за 35%

74

Економијата на Србија порасна за 6,1% во четвртиот квартал од минатата година, според гувернерката на централната банка Јоргованка Табаковиќ.

Ова е најдобрата економска година од 2008 година.

„Додека многу земји ги намалија своите предвидувања за економски раст, Србија ги надмина сите прогнози како резултат на внатрешните фактори, од кои претежно поголеми инвестиции“, рече Табаковиќ.

Во текот на последните две години, инвестициите во земјата пораснаа за 35%, придонесувајќи за три четвртини од вкупниот раст меѓу 2018 и 2019 година. Како резултат на брзиот раст за периодот октомври-декември, изминатата година растот достигна 4,2 проценти.

“Централната банка остава непроменета на предвидувањата за економски раст за 2020 и 2021 година. Ширењето на коронавирусот во Кина не се очекува да биде особено влијателно, иако земјата е клучен партнер за Србија”, рече гувернерот.