Ресторанот „Куќа на дрво“, некогашен дел од официјалната резиденција на војводата од Северенамберланд во далечниот 11. век, денес е голема атракција во Аник, Англија.

Целата убавина е, всушност, во градината која ја сочинува прекрасна природа, а самата „куќичка“ е една од поголемите куќи на дрво што постојат. Љубителите на филмовите за Хари Потер, можеби ќе го препознаат буколичкото опкружување кое беше видено во еден од раните филмови. За вљубениците во дрвјата, куќичката во срцето на градината е како сцена видена само во најсмелите соништа.

Подрачјето кое некогаш му припаѓало на војводата ос Нортамберленд, денес  е ресторан во кој можат да уживаат оние што сакаат да бидат опкружени со природа.

https://www.instagram.com/p/B8qzwNMhf9Y/?utm_source=ig_embed

 

Прекрасно место во кое можете да отидете во секое годишно време и секој пат да биде величествено – целиот комплекс кој опфаќа површина од речиси два километри квадрати, е посветен на борот, кипарисот, секвоите, а со посебно внимание е правен за да се усогласат сите материјали на вистински начин, без да се нарушува природната убавина.

Во самиот ресторан, живите дрвја буквално растат низ од подовите додека во лето, пријатено огниште, бавно крцка. Менито претставува раскошна палета од северно англиски шарм со нагласок на сезонски и локални продукти.

 

Место кое не смее да се пропушти доколку веќе сте во блискиот Њукасл. Прошетката низ шумата сигурно ќе ви го разгори апетитот.

Извор:Atlasobscura