СПРОТИВНО НА ТРАДИЦИЈАТА: Кралицата ќе го именува новиот британски премиер во Шкотска

102

Британската кралица Елизабета Втора нема да може да отпатува од Шкотска, каде што моментално се наоѓа, во Лондон за да ги прими британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот наследник во Бакингемската палата следниот вторник, потврдија денеска од официјални лица од палатата.

Наместо тоа, според нивните изјави, Џонсон и неговиот наследник ќе ја посетат кралицата во замокот Балморал во Шкотска, каде што е на летен одмор. Церемонијата закажана за 6 септември ќе биде првпат британскиот премиер да биде назначен надвор од Бакингемската палата во текот на 70-годишното владеење на кралицата Елизабета.

Причината за овој преседан е, судејќи според зборовите на функционерот цитиран од британските медиуми, да се избегнат „секакви алтернативи во последен момент во случај кралицата да има проблеми со движењето тој ден“.

Потсетуваме дека во претходните месеци кралицата имаше проблеми со подвижноста, поради што го откажа присуството на неколку важни настани.

Наследникот на Борис Џонсон како премиер ќе биде објавен на 5 септември.

Гласањето завршува во петок оваа недела, а резултатите ќе бидат објавени во понеделник. Во трката се актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас и министерот за финансии Риши Сунак, а за фаворит се смета Трас.