Спомен на Момо, пејачот со многу добрина

321

Негови најголеми хитови се „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, “Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“, а освоил и многу фестивалски награди. Сопругата Валбурга посвети емотивен статус…

Валбурга (Буги) Батева-Николоска, сопруга на пејачот Момо Николоски, сподели спомени и емоции во знак на двегодишнината од прерано починатиот сопруг, (кон крајот на 2018 година му бил дијагностициран канцер на желудникот), инаку нашиот многу популарен пејач Момо Николоски. Таа се потсети на најубавите денови поминати со него, па напиша: “Јас те научив англиски, но ти ме научи како да живеам без тебе.“
Момо Николовски беше и остана омилен македонски пејач и на народни и на забавни мелодии. Негови хитови се „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“, а освоил и многу фестивалски награди.

Под статусот на неговата сакана се редеа многу емотивни коментари: – Буги, кога почина мојата братучетка многу млада, баба ми на тетка ми ѝ рече: “Не тагувај туку биди среќна што воопшто си ја имала за своја“… Еден ден душите пак ќе се сретнат… Спомен на човекот со златно срце кој знаеше и умееше да дарува само љубов, да биде грижлив. Драга Буги, твојата љубов кон него и неговата кон тебе, ќе биде секогаш вечниот венец на љубовта… Песните и милозвучниот глас на Момо Николоски вечно ќе одѕвонуваат во етерот на радиото, исто како и љубовта што ја чувствуваш Ти Буги спрема него, сè до моментот кога ќе се сретнете таму некаде во небесните височини… Добрина од човек. Убав од секој аспект. И однадвор и однатре. Човечен, доблесен, љубезен. Нека е вечен споменот за него… (Д.М.)