Дома LIFE Со своите 112 години и 334 дена, Јапонец стана најстариот маж на...

Со своите 112 години и 334 дена, Јапонец стана најстариот маж на светот

53

Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита.

Претходниот рекордер беше, исто така – Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години.

Прашан – во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани.

Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца. По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата.

До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја.