Репортер од Индонезија кој известува за каналот CNBC, стана вистински хит на Балканот, благодарение на неговата необична комбинација на име и презиме. Овој индонезиски новинар, кој известува од областа на економијата се вика Тито Босна. Неговото невообичаено име и презиме го забележала сараевската новинарка Ардуана Прибиња.

Комбинацијата на името и презимето е невообичаена за Индонезијците, бидејќи тие воглавно користат само име, кое понекогаш се состои од повеќе зборови.

Некогашната СФРЈ и Индонезија беа членки на Движењето на неврзаните, а нивните претседатели Јосип Броз Тито и првиот претседател на Индонезија Сукарно имале добри односи. Можеби овие факти влијаеле на родителите на овој новинар да го одберат ова име.