Постуденото време ве натера да си ја побарате потоплата гардероба во плакарите, но кога посегнавте по капутот, почувствувавте непријатен мирис на застоеност. Не очајувајте! Има решение.

Вашиот проблем за час ќе го решите со вотка. Овој пијалак поради големиот процент на алкохол, има одлично антисептичко својство, а притоа и неутрален мирис, па така при третман, нема да се чувствува на облеката.

Помешајте вотка со вода, во размер 1:2, ставете го во шише со распрскувач и со таа течност напрскајте ја облеката која ви мириса на застоено. Оставете да отстои, додека не се исуши.

Миризбата секако ќе исчезне.