Мостот преку реката Амур, која ќе ги поврзе Русија и Кина е во завршна фаза. Овој значаен проект, прв од ваков вид, ќе ги зајакне економските врски на двете земји. Со овој мост ќе бидат споени градовите Хеихе на северот на Кина и рускиот најисточен град Благовешченск, лоциран на другиот брег на реката Амур, кој Кинезите го нарекуваат Хеилогијанг.

Мостот е долг повеќе од еден километар и е дел од главниот автопат долг 19,9 километри, а има две сообраќајни ленти, пишува Спутник.

Амбициозниот проект вреден 300 милиони американски долари започнал во декември 2016. година, а двата дела се споиле во огромен мост на крајот на мај оваа година. Новата цел била постигната во петокот кога локалните власти го објавија крајот на градежните работи и најавиле дека отворањето е планирано за април 2020 година.

„Овој мост е од стратешко значење за нас“, рекол гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов, на церемонијата, нагласувајќи ја важноста на профитабилноста на проектот за регионот.

„Суровите временски услови на овој регион со години се проблем за преминување на границата, но мостот ќе го реши овој проблем. Откако ќе се стави во функција, карго-камионите ќе можат да преминуваат“, рекол Александар Козлов, руски министер за развој на Далечниот исток.

Новиот мост треба да привлече голем број туристи, особено од Кина. Сепак, туристите во прво време нема да можат да ја користат оваа рута, која првенствено е достапна за товарни камиони.

За 1,5 година, откако ќе се направат патничките премини, туристите и автобусите ќе можат да го користат мостот. За туристите е предвиден поинтересен и поевтин начин да ја преминат реката, а тоа со жичарниците, кои се во фаза на изградба.