Сослушување во Конгресот за првите забележани знаци за извршени воени злосторства во Украина

16

Активистите кои подготвуваат докази за можни воени злостроства извршени од руската војска во Украина досега забележале 350 инциденти за намерно нанесување повреди и штети врз цивили, многу од нив смртоносни, изјави Христо Грозев, извршен директор на Белингкет. 

На сослушување денеска пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, а по повод првите забележаните знаци за извршени воени злосторства и нарушување на човековите права извршени од руската војска во Украина, се укажа дека мошне веројатно е високи официјални лица од руската влада и генерали, а под раководство на претседателот Владимир Путин, да бидат обвинети за воени злосторства. 

Според Ентони Кларк Аренд, професор и претседавач на Катедрата за власт во универзитетот Џорџтаун, воените злостороства извршени од поединци треба да се водат од независен суд сличен на оние оформени за извршените злосторства за време на војните во бивша Југославија или за Руанда. 

Како и да било секоја започната истрага ќе трае со години и можно е обвинетите да не бидат донесени пред судот, се кажа на сослушувањето.

Грозев истакна дека „има докази за измачување и за ликвидација на цивили само затоа што биле сведоци на движење на руските трупи и тенкови, има докази за убиства на цивили како одмазада затоа што се очекувало да бидат на руска страна но излегло поинаку“. 

Тој посочи четири настани кои можат да се окарактеризираат како воени злосторства како бомбардирањето на породилниот дом и детската болница во Мариупол и ракетирањето на текелкомуникациската антена во Киев, „што се наоѓа во центарот на градот и цивилни жртви беа неминовни“. 

-Идентификацијата на лицата одговорни за нанесување тешки повреди, мачење и убиства на цивили во Украина ќе биде релативно лесно, бидејќи на руската војска не им работи кодираниот сателитски канал за комуникација и сета досегашна комуникација тие ја изведуваа преку отворени канали, како граѓанска мобилна телефнија, тврди Грозев. Оваа комункација е следена и снимана од украинските разузнавачи кои користат НАТО технологии,  

-Одлуката за напад на Украина ја имаат донесено тројца до четворица лица од најтесниот круг на претседателот Путин, и се разбира тој самиот. 

Според Грозев, „неколкумина одлучуваат за набавките на оружјето и опремата за воените активности, но многумина од поширокиот круг околу Путин покажуваат несогласност со она што се случува во Украина“.  

-Исто така, постои значаен степен на несогласност со војната и од страна на елитите, и ова треба да биде искористено од САД

-Има повеќе лица од понизок ранг, како од граѓанска така и од воена страна, кои знаеле што се случува и сметам дека овие луѓе, кои се стотици, исто така треба да бидат санкционирани, рече тој.