Сослушани амбасадорите на Ерменија и Азербејџан во Сенатот во пресрет на парламентарната расправа за Нагорно Карабах 

40

Во пресрет на разгледувањето на предлогот на Сенатот за резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах, Комисијата за надворешни работи и одбрана ги амбасадорите на Ерменија и Азербејџан.

Францускиот сенат- грониот дом на парламентот,  во среда на 25 ноември во 16 и 30 часот, ќе расправа на барање на претседателот на Сенатот Жерар Ларше, за предлог за резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах, презентиран од пет претседатели на политички групи на Сенатот.

Оваа резолуција ја осудува воената агресија извршена од Азербејџан, со поддршка на турските власти и странски платеници. Според соопштението на Сенатот, со неа  се поканува француската влада да обезбеди масовна хуманитарна помош. Резолуцијата повикува на меѓународна истрага за воените злосторства, го потврдува правото на враќање на раселените лица, како и потребата за зачувување на ерменското културно и верско наследство.

Резолуцијата, исто така, ја повикува владата да ја „признае Република Нагорно Карабах“ и да го направи ова признание „инструмент за преговори за воспоставување траен мир“.

Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи и одбрана, сакаше пред расправата да ги сослуша  г-ѓата Хасмик Толмајјан, амбасадор на Ерменија во Франција и Рахман Мустафајев, амбасадор на Азербејџан во Франција, , со цел да ги информираат членовите на комисијата пред гласањето.

 –Оваа резолуција е силен политички чин што ќе ја покаже нашата солидарност со Ерменија. Се соочуваме со трагедија во Нагорно Карабах. Франција ги остави оружјата да зборуваат, со крајно насилство. Со упорност во неутралноста на арбитерот, дали француската дипломатија не се осуди на немоќ? – изјави Кристијан Камбон по сослушувањето.

Извор:МИА