Сончево со слаб ветер и температура до 29 степени, промена на времето од вторник

112

Времето во земјава ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу минус еден и шест, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време. Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.