Сонот е највистински кога ќе се оствари:Семејство со пет деца живее во подвижен дом

97

Пред неколку години Бритни Проха и нејзиниот сопруг изградиле семејна куќа. Биле среќни во неа, ама срцето ги влечело да патуваат. Ја продале куќата, луксузно уредиле приколка и заминале на пат. Пред пет години се доселиле во Спокејн, гратче во американската држава Вашингтон и одлучиле да изградат дом од соништата. Купиле земја, каде што изградиле куќичка и почнале.

Неколку месеци подоцна на земјиштето била изградена куќа која ја обожавале, уживале во преубавите зајдисонца од тремот.

Но длабоко во срцето, домаќинката, мајка на пет деца и блогерка Бритни и нејзиниот сопруг, всушност, отсекогаш сакале да патуваат и се одлучиле дека нема да се откажаат од тој порив.

Ја испразниле куќата во која биле среќни и се преселиле во приколка. Заминале на ново животно патување, во приколка изградена според потребите на нивното семејство.

https://www.instagram.com/p/CEzOgi0DO-h/?utm_source=ig_embed

За прикагодување на животот на тркала им биле потребни четири месеци, а ентериерот изгледа како да станува збор за лукузен апартман. Најдобриот дел од овој стил на живот е што на неколку дена можат да го паркираат и да се сместаст во друг град. Бритни вели дека нејзиното семејство никогаш не било посреќно и поповрзано.

https://www.instagram.com/p/CExB5MTDruO/?utm_source=ig_embed

Чудесно е како семејство со пет деца успева да одржи ред и хармонија во толку мал простор. Направени се идеални решенија за непречено функционирање во мал простор во кој сите се чувствуваат удобно.

Извор:www.insider.com