Сода бикарбона за лице без мозолчиња

1931

Кога се меша со вода, содата формира смеса што помага во чистење и ексфолијација на кожата на лицето, отстранувајќи ги вишокот маснотии, нечистотија и мртвите клетки на кожата

Сода бикарбона  може да ви помогне да се ослободите од мозолчиња на лицето  иако овој едноставен домашен лек можеби не е толку ефикасен како што се професионалните производи за третман на акни, но  сепак има свои предности. Содата е амфотерична – што значи дека може да дејствува како киселина или база. На овој начин може да помогне во неутрализирање на нерамнотежената  pH-вредноста на кожата. Нерамнотежата на pH-вредноста на кожата е честа причина за појава на акни и мозолчиња. Сода бикарбона за лице се користи бидејќи ги отстранува вишокот маснотии што доведува до појава на мозолчиња на лицето. Исто така, има благ антиинфламаторно и антисептично дејство кое помага да се намали големината на мозолчињата.

Кога се меша со вода, содата формира смеса што помага во чистење и ексфолијација на кожата на лицето, отстранувајќи ги вишокот маснотии, нечистотија и мртвите клетки на кожата.

Измешајте две лажици сода бикарбона со две лажици вода додека не се формира фина мазна смеса. Ако сакате, додадете една чаша сок од лимон (лимонска киселина во сок од лимон дејствува и како пилинг и помага да се исушат мозолчиња). Измијте го лицето со топла вода и нанесете ја смесата. Нежно масирајте ја кожата со мали кружни движења. Извадете ја маската од лицето со топла вода.

Бидете внимателни кога користите сода за лице, особено ако имате чувствителна кожа. Сода може да предизвика црвенило и иритација кај луѓе со чувствителна кожа. Избегнувајте пречесто користење. Со текот на времето, кога користите сода бикарбона за лице,  може да ја наруши pH рамнотежата на  кожата, што може да доведе до раст на бактерии и појава на мозолчиња. Затоа, не  ја користете  на кожата повеќе од двапати неделно. Подготви: М.А.