Во последниве денови често ме прашуваат дали може да јадете лубеница и колку лубеницата може да ви помогне при процесот на слабеење. Што може да биде подобро од свежа, зрела лубеница во жежок летен ден!Јас, лично препорачувам лубеница за слабеење. Дали е добра за слабеење, како да ја користиме за да имаме најмногу придобивки, се само дел од прашањата чии одговори ќе ги разгледаме во оваа колумна.

Лубеницата е корисна и за слабеење и за здравје. Најпрвин бидејќи лубеницата е нискокалорична храна. Една чаша лубеница (154 г) содржи 46 калории. Оваа нискокалорична храна – лубеница – содржи 92 отсто вода и 8 отсто шеќер. Интересно е да се знае дека секој дел од овошјето, семето и кората се јадат.

Многу луѓе грешат кога станува збор за жед, а кога за глад. Кога сте дехидрирани, се чувствувате уморни и затоа многу луѓе посегнуваат по храна, сметајќи дека тоа е најдобрата опција која ќе помогне во враќањето на нивото на енергија. Подобра опција би било едноставно да го зголемите внесувањето вода бидејќи тоа би помогнало да се смири чувството на замор. Одличен начин да го зголемите внесот на вода е да консумирате храна со густа вода, како што e лубеница. Зголемената потрошувачка на вода може да помогне при слабеење. Особено сега во лето. Со зголемените температури и постојаното чувство на дехидрираност, содржината на вода во овошјето и рамнотежата на електролитот се одличен избор.

Кога да јадеме лубеница?

Лубеницата е одлична за утринска ужина. Зошто? Пред  ручекот и пред вечерата има голем јаз кога се посега по повеќе храна што го отежнува слабеењето. Во тоа време присуството на сонцето е исто така големо, па јадењето лубеница има смисла. Ако сте јаделе лубеница пред ручек, не ве советувам да јадете лубеница повторно. Јадење само лубеница подолг временски период може да ве направи депресивни без надеж и мотивација да продолжите понатаму.

Да продолжам околу здравствените придобивки  од лубеницата. Таа има широк спектар на хранливи материи, но е особено богата со витамин Ц, витамин А, диетални влакна и антиоксидантни соединенија. Јадењето на лубеница ви овозможува  голем внес на хранливи материи кои можат да помогнат во намалување на ризикот од неколку сериозни медицински состојби. Фитохемикалиите во лубеницата како ликопен и каротеноиди, плус антиоксиданс флавоноиди лутеин, ликопен, зеаксантин и криптоксантин, помагаат да се заштитат вашите клетки, ткива и органи од оштетување на слободните радикали за поздрава и помлада кожа. Исто така, ликопенот е особено важен за здраво срце и за здравјето на коските, а студиите покажуваат дека може да го заштити телото од кардиоваскуларни болести и некои форми на рак. Ликопенот во лубеницата е добро документиран како моќна антиинфламаторна хранлива материја и одличен извор на витамин Ц. Повеќето луѓе го поврзуваат витаминот Ц со заштита од настинка и тој е неопходен за силен имунолошки систем. Но, витаминот Ц е потребен и за да се направат сврзните ткива, колаген, кој ја одржува вашата кожа цврста .

Секоја порција, една чаша лубеница на коцки содржи 12,3 милиграми витамин Ц. Оваа количина исполнува 16,4 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин Ц. Соодветниот внес на витамин Ц е поврзан со намален ризик од хипертензија, срцеви заболувања, остеоартритис и рак.

Витамин А е потребен за репродукција на клетките и за здравјето на очите, кожата, коските и имунолошкиот систем. Јадењето многу храна богата со витамин А, како лубеницата, може да го намали ризикот од рак и нарушувања на видот. Лубеницата содржи околу два проценти од препорачаниот дневен внес на диетални влакна во секоја порција од 1 чаша. И растворливите и нерастворливите влакна се обезбедени од лубеницата, редовно консумирање на двата вида може да помогне во спречување на дигестивни проблеми, висок холестерол во крвта и дијабетес.  Храната богата со растителни влакна може исто така да го намалат ризикот од мозочен удар, срцеви заболувања, дебелина, чиреви, хемороиди.

Детокс напивка за хидратација и слабеење

 

1 литар вода,

2 чаши коцки лубеница,

7-8 листови нане,

1 лажица чија семе,

малку ѓумбир, лимон на кругови,

Oставете го да отстои 4 часа во фрижидер или преку ноќ и уживајте хидрирани во топлите летни денови.