Случајот со масакрот во училиштето во Белград добива нов тек: Мајката на Коста К. бара една работа за нејзиниот син!

8662

Миљана К., мајката на момчето што уби осум деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, прво потпишала согласност за негово психијатриско лекување, но сега се предомислила.
Имено, Миљана К., мајката на момчето кое уби осум деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, тврди дека Коста е здрав и дека лекарите треба да го пуштат од болница.
Добро упатен извор на Informer.rs објаснува дека Миљана К. потпишала согласност за лекување на нејзиниот син само еден ден откако Коста бил сместен во психијатриска болница по грозоморниот масакр во училиштето.
„Тогаш мајката на Коста се уште била во шок поради делото што го направил нејзиниот син, па по убедување на лекарот и на работникот од Центарот за социјална работа, се согласила да ја потпише согласноста. Меѓутоа, кога дошла при себе, побарала да ја повлече таа согласност, тврдејќи дека потпишала во шок и не можела рационално да размислува. Свесна е дека нејзиниот син е криминално неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години и дека единствен начин да го држат во каква било изолација е тој да биде затворен во болница, на задолжително лекување. Таа остро се противи нејзиниот син да го помине остатокот од животот во лудница и сега на секој начин се обидува да го ослободи“ – вели изворот за Informer.rs

Од друга страна, адвокатот Југослав Тинтор објаснува дека конечната одлука за престојот на Коста К.(13) во психијатриската клиника ќе ја донесат лекарскиот совет и судот.

– Во конкретниот случај се применува Законот за заштита на лица со ментални нарушувања. Кога некој за кој ќе се утврди дека има ментално растројство е сместен во психијатриска установа, тој може да остане таму со негова согласност или согласност на неговиот законски застапник. Можно е да биде сместен во психијатриска установа без негово одобрение доколку советот на психијатри утврди дека има причини за тоа, односно дека е неопходно да се спречи загрозување на животот на тоа лице или на животот и безбедноста на други лица, што овде би можело да биде случај – наведува адвокатот.

Тој појаснува и каква е процедурата доколку мајката ја отповика согласноста за психијатриско лекување на нејзиниот син.
„Првично се бара согласност од лицето или застапникот, а доколку има противење, тогаш може да се прибегне кон процедурата предвидена со законот, а тоа е задржување во психијатриска установа без согласност. Доколку мајката ја отповикала согласноста за лекување, мислење дава стручен тим, а се се испраќа до судот кој во вонпарнична постапка одлучува за задржување на лицето со ментални нарушувања во психијатриска установа. Судот периодично добива извештај за тоа како напредува лекувањето. Доколку нема напредок, тогаш третманот дефинитивно се продолжува“ – појаснува Тинтор.
Миљана К., инаку, е доктор на науки и работела како асистент во Центарот за форензичка и применета молекуларна генетика на Биолошкиот факултет во Белград. Сопругот Владимир е исто така интелектуалец и доктор по радиологија. Тој во моментов е во притвор, бидејќи Коста го извршил масакрот со двата пиштоли на татко му, кои претходно ги одзел од сефот во семејниот стан во Врачар.

Тринаесетгодишниот Коста К. на 3 мај годинава во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград го уби чуварот Драган Влаховиќ и уште осум деца, а ја рани наставничката по историја и уште шест свои школски другари, а потоа самиот повикал полиција велејќи дека ги убил децата „затоа што е психопат“.

Бидејќи нема 14 години, Коста К. според законот не подлежи на кривична одговорност за убиствата. По масакрот тој е сместен во психијатриска болница во Белград.