Словенија укинува ограничувања, епидемијата ставена под контрола

78

Словенечката Влада објави дека епидемијата на коронавирусот и дефинитивно е ставен под контрола, а денешна објавената информација за само едно новозаразено лице го потврдува тоа, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, изминатото деноноќие не се регистрирани починати, како последица на Ковид-19.

Овие податоци се дополнителен показател да може државата да продолжи со олабавувањето на ограничувањата донесени поради епидемијата.

Од денес се отворени меѓународните аеродроми, а карантинот за оние кои влегуваат во земјата е скратен само седум дена, а државната е заменета со домашна изолација.

Извор:МИА