Словенечкиот институт за јавно здравје предупреди на големата опасност што му се заканува на населението по поплавите

428
EPA-EFE/ZIGA ZIVULOVIC JR

Словенечкиот институт за јавно здравје денеска предупреди дека по поплавите има поголемо ширење на цревни заразни болести во областа Межишка долина во Корушка.

Институтот препорача пиење флаширана вода, како и зовриена вода од чешма и нејзино користење исклучиво за лична хигиена, јавува ТВ Словенија.

Во некои делови на Корушка сè уште нема вода, а Институтот претпоставува дека причината за инфекцијата е или загадена вода или храна или контакт со контаминиран отпад.

„Од вторник навечер откриваме случаи, во наредните денови може да очекуваме ширење на болните, затоа е важно да се преземат превентивни мерки за заштита на здравјето во наведените или тешки услови“, се вели во соопштението на Институтот.

Словенија неодамна беше погодена од поплави, а Корушка е меѓу најпогодените области.