Словачката претседателка внимава на стилот и во ек на пандемија на вирусот корона

88

Зузана Чапутова, претседателката на Словачка, а како што моногумина веруваат и политичка надеж на централна и источна Европа, како и повеќето светски лидери е во екот на напорите да се сузбие ширењето на вирусот корона во својата земја, ама таа одлучи тоа да го прави со стил.

На инаугурациската церемонија на новата четирипартиска владина коалиција во Братислава таа се појави во стајлинг што го разбранува светот.

Избра фустан во кралска боја, а во согласност со прописите за заштита од вирусот корона носеше и соодветна заштитна маска. Не можеше, а да не се издвојува меѓу сите присутни кои носеа стандардни, светлно сини заштитни маски, без намера да им се согласуваат со облеката.

Извор:Huffpost.com