„Слобода“ – концерт на Филхармонија во Соборниот храм со диригентот Бенџамин Шварц

79

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, утревечер, во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“.

За првпат ќе биде изведено грандиозното вокално-инструментално дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн по диригентската палка на маестралниот Бенџамин Шварц (Израел/САД). Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.

Концертот им е посветен на сите жртви во војните кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир! Во „Реквием за војната“ Бенџамин Бритн инкорпирира фрагменти од поетот Вилфред Овен (1893-1918), кој според него бил еден од „најголемите воени поети, еден од најоригиналните во 20 век.

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника, во комбинација со мотивиран орекстар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц кој како што оценуваат „има јасна визија во своите интерпретации“.