Во рамките на Скопско лето утревечер во 20 часот, во Театар Комедија, ќе се одржи претставата „Забрането смеење“ на Миро Гавран, во продукција на театарот „Антон Панов“ од Струмица, а во режија на Игор Ивковиќ.

Во претставата играат Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.

„Забрането смеење“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43-одишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години.

Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина.

Кога љубовницата ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите…

Во Музејот на македонска борба, пак, (20:30 часот) концерт ќе одржи Шкељзен Бафтијари Трио. Пред публиката ќе се претстават Шкељзен Бафтијари – пијано, Лида Алиу – виолина и Енис Аљи-виолончело. Тие ќе изведат дела на Рахмањинов и Пиацола.