Сити поднесе жалба за судењето на дербито со Ливерпул

87

Манчестер Сити испрати формална жалба за работата на судиите на натпреварот од 12. коло од шампионатот на Англија против Ливерпул (1:3), пренесува „Дејли мејл“.

„Граѓаните“ се фокусираа на фактот дека на првиот гол на натпреварот во изведбата на Фабињо му претходеше игра со рака од страна на Трент Александар-Арнолд во неговиот шеснаесетник. Постојат и други одлуки на главниот судија на средбата, Мајкл Оливер, кој се доведени во прашање од страна на актуелниот англиски шампион.

За потсетување, по последниот свиреж на судијата, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола тргна кон судиската екипа, се ракуваше со секој судија и саркастично се заблагодари за делењето на правдата.