Сите се шокирани од деталот на раката „1+1=1“

451

Додека Дани Алвеш беше зад решетки, имаше многу шпекулации за тоа каков потег ќе направи неговата поубава половина, манекенката Џоана Санз. Од развод до вечна љубов и обратно, но шансите сепак да бидат заедно беа минимални.

Откако Бразилецот беше ослободен, се чини дека сите сомнежи се отстранети и на општо изненадување, затоа што Санз објави и повеќе од интересна  фотографијата.

На фотографијата јасно се гледа како поранешниот фудбалер на Барселона и манекенката се држат за рака во знак на помирување дека повторно се заедно.

Двајцата со мастило на рацете го напишаа вистинското чувство што ги спојува: „1+1=1“. Заедно со емотивниот математички израз, Бразилецот додаде и срце.

Овој стисок може слободно да се дефинира како последен пресврт. За време на четиринаесетте месеци колку што фудбалерот помина во затвор, Санз живееше во семејната куќа во Барселона, која заеднички ја поседуваат.

Но, откако Алвеш стапна на улица, со услов за привремена слобода, манекенката ја напуштила куќата, па помирувањето доаѓа како изненадување.

Сега е јасно дека атрактивната девојка јавно беше против Алвеш од професионални причини, не сакаше да ги загуби своите спонзори.

Во реалноста, Санз и Алвеш се поблиски од кога било и нема подобар доказ за тоа од постираната фотографија на социјалните мрежи.

Интересно, само неколку часа пред оваа објава, шпанските медиуми објавија дека кризата меѓу Алвеш и Санз е повеќе од очигледна и дека помирувањето изгледа невозможно.