Сите на нозе низ велешките улици:Ноќна атлетска трка „Трчаме за Рацин“

138

Како дел од овогодишното одбележување на Рациновите средби, по неколку години пауза, повторно ќе се организира ноќна атлетска трка низ улиците на Велес во организација на АРК „Борец“ од Велес, а со поддршка од Општина Велес.

На премиерното издание освен главните трки на 5 и 10 километри, ќе биде организирана и детска трка во должина од еден километар.
Пријавувањето за трите трки е во тек и трае најдоцна до утре, информираат организаторите

Како што појасни Лазе Петрушевски од АРК „Борец“ патеката е кружна од 1.550 метри , стартот и целта се на главната улица „Благој Ѓорев“, пред Гимназијата „Кочо Рацин”, каде се наоѓа и неговиот споменик, а за што подобро уживање на трката ќе има добра музика и диџеј.

– По завршувањето на трките по 21 часот се префрламе на добра стенд ап комедија во изведба на Бојан Велевски и жива свирка од бендови, додаде Петрушев.
Петрушевски информира дека освен од Велес, за трките веќе се пријавиле и атлетичари од други градови од земјава и од соседна Србија.