Дома СПОРТ Синот на Шевченко може да бира меѓу четири репрезентации

Синот на Шевченко може да бира меѓу четири репрезентации

93

Кристијан има право да игра за дури четири репрезентации. Тој е роден во Лондон, па може да игра за Англија, секако може да ја одбере Украина на татко му, а од страната на мајка му има потекло од САД и Полска, па ако реши, може да игра и за нивните национални тимови.

„Мојот втор син тренира во академијата на Челзи. Тоа е добра школа, од која излегоа многу врвни играчи. Не знам за кого ќе игра Кристијан, не е исклучена и Англија, ќе разговараме на таа тема кога ќе дојде време” – вели некогашната ѕвезда на Милан.