Маркињос главен во дефанзивата

71

Бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Маркињос, е најновата желба на раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М).

Челниците на „кралскиот клуб“ се убедени дека станува збор за одлично засилување кое може да игра на сите позиции во дефанзивната линија. Големата желба на најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони може да стане реалност само со понуда која нема да биде помала од 60 мил. евра.