Синот на престолонаследникот на ОАЕ пронајден мртов во Велика Британија

199

Синот на престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е пронајден мртов во неговиот дом во Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

Халид ал Касими е основач на моден бренд, а имаше и ревии на негови колекции во Лондон и Париз.

Триесет и деветгодишниот син на емирот на Шарџа е пронајден без знаци на живот во бањата во неговиот дом во Сасекс, а лондонската полиција изјави дека неговата смрт се третира како „необјаснета“.

Неговиот татко, шеикот Султан бин Мухамед ал Касими, на социјалните мрежи напиша дека Халид „е во божји раце“.

„Халид беше познат по неговото истрајно и сензитивно истражување на општествено-политички прашања поврзани за Блискиот Исток, но и за односите со Западот, тема многу блиска до неговото срце и неговото воспитување“, се вели во соопштението на Инстаграм.

„Неговата цел беше да се создаде свет на прекрасно изработени производи преплетени со културни, општествени и политички обележја, со цел да информираат и инспирираат“, се додава.

Обединетите Арапски Емирати прогласија тридневна жалост поради смртта на Ал Касими.

Смртта на Ал Касими доаѓа 20 години откако неговиот постар брат, шеикот Мухамед бин Султан бин Мухамед ал Касими, почина од предозирање со дрога на возраст од 24 години во семејниот дом во Источен Гринстед, Западен Сасекс, Велика Британија.