Симонс е недостапен

60

Францускиот гигант ПСЖ испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на холандскиот интернационалец, Чави Симонс. Младиот играч за врска актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на РБ Лајпциг, а ПСЖ не планира да се откаже од неговите услуги за време на летниот преоден рок.