Симеоне лобира за Симеоне

116

Предводникот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Диего Симеоне, испрати јасна порака до раководните лица дека сака на располагање да ги има и услугите на својот син, Џовани Симеоне. Младиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, но актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Калјари. Големата желба на Симеоне ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 25 мил. евра.