Пред половина час во Македонија беа почувствувани два последователни и многу силни земјотреси, кои траеја подолго, речиси цела минута.

Според информациите од EMSC на Твитер обата земјотреса се случиле со епицентар во Албанија – обата во близина на Драч, на околу 10 километри од градот. Првиот земјотрес бил со магнитуда од 5,3 степени, а вториот, посилниот со 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Според EMSC претходно биле почувствувани уште два послаби земјотреса.

Image