Во светот на спортот постојат вистински скандал-мајстори. Ако во фудбалот е Марио Балотели, во американскиот фудбал тоа, секако, е Ентони Браун.

Триесет и тригодишниот играч во текот на кариерата предизвика бројни скандали, а овој пат реши да ја заведе девојката на својот поранешен соиграч Дешон Џексон, Сидни Кристин. Тој објави слики од креветот со неа, со вулгарна порака.

  • Престани да си играш со мене. Сидни седна на црниот пе*ис – гласеше пораката на Браун.

Но, тој не застана тука, па побарал од девојката да му ги врати 5.000 долари кои ѝ ги дал за време на состанокот, што таа очигледно не го направила, па ги објавил фотографиите.

Браун и Џексон некогаш беа соиграчи во Питсбург стилерс, а на крајот на краиштата, тој заврши во кревет со неговата, иако поранешна девојка.

Ова е само уште еден во низата скандали на големата НФЛ-ѕвезда, која минатата година беше избркана од Тампа Беј баканирс поради фрлање дрес за време на натпревар.