Се чисти депонијата во Кадриево Маало помеѓу Хиподром и Инџиково

182

ЈКП “Гази Баба 2007” повторно започна со чистење на депонијата во Кадриово Маало, место кое што ги спојува населените места Хиподром и Инџиково.

– По неколку пати чистење на оваа депонија конечно ќе и ставиме крај. На  влезовите на оваа патека ќе се постават заштитни столбови и ќе се забрани пристап на секаков вид на возила како би се спречило одложување на дополнителен отпад – информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“.

Оттаму нагласуваат дека продолжуваат со борбата против дивите депонии, и апелираат до совесност на граѓаните за заштита и зачувување на природата и чистиот воздух.