Се укинуваат квотите во аптеките во туристичките места Охрид, Дојран… наесен и во целата држава

86

Се укинуваат квотите во аптеките во туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Како што денеска објасни министерот за здравство Венко Филипче тоа значи дека  од овој месец секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, тој ќе биде реализиран од страна на Фондот.Министерот потернцираше дека со ова ќе се надмине недостатокот на лекови во овие региони кои што го имало години наназад.

Според Филипче следниот чекор е  во септември и октомври укинување на квотите во сите аптеки на територијата на цела држава. Тој исто така посочи дека при крајот на август ќе започне и официјална процедура на вклучување на сите аптеки кои сега не се во мрежата.

Истовремено ќе се проширува мрежата согласно одлуката на последната владина седница за прием на нови специјалистички ординации од разни специјалности од медицина, со цел да се излезе во пресрет на оние кои тоа го чекаат-вели Филипче

За да нема злоупотреба на лековите само со лична карта ќе може пациентот  да го зема лек во аптека. Филипче посочи  дека станува збор за комплексен механизам кој вклучува и софтверско решение, што ќе значи следење на лекот.

-Лекот ќе може да го подигне само пациентот за кој е препишан, освен лицата кои се неподвижни, но и за нив има развиен механизам како ќе се издаваат тие лекови-вели Филипче и дополни дека  за евентуалните злоупотреби се прават анализа  во Фондот.

Сите овие промени вели Филипче е да се сведе бројот на лекови по глава на жител, согласно на европскиот стандард.

Министерот укажа ако се утврдат злоупотреби ќе има и казни. Инаку ослободување на квотите и либерализација на пазарот на лекови е регулирано со правилник во рамки на Фондот. Затоа што со години наназад притисокот од недостаток на лекови бил најголем токму таму. Мерката ќе важи за тие градови, но и за околните места.

Министерот истовремено информирашр дека во овој период најмногу се трошат лековите за кардиоваскуларните заболувања.