Се санира улицата „Григор Прличев“

112

Продолжува санацијата на оштетените коловози на улиците во градот Делчево и локалните патишта во општината. Се работи на улицата „Григор Прличев“, а претходно целосно беше санирана улицата „Вељко Влаховиќ“ во населбата Милково Брдо.
Санирањето на оштетените коловози е редовна активност на Општина Делчево, а согласно со Програмата, крпењето на ударните дупки со сите пропратни позиции на коловозите во градот Делчево и на локалните патишта во општината ќе опфати површина од 1.300 квадратни метри.

– Санацијата на коловозот на улиците се врши по однапред определени приоритети врз основа на извршената инспекциска контрола на состојбата на улиците и патиштата во општина Делчево во претходниот период, при што се детектирани оштетувања на коловозите и направен е распоред на интервенции – велат од општината.