Се расчистува атмосферската канализација

28

Екипите на јавното претпријате „Водовод и канализација“, од секторот Канализација, поради влошените временски услови и појавата на дожд, од утрово се на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација во Скопје.

– Се расчистуваат сливници и шахти на улиците на територија на град Скопје, а активностите ќе продолжат како во текот на денот и во следните денови, соопштија од претпријатието.